Тиквеш со 1:0 ја победи Македонија ЃП на стартот од новата сезона во ПМФЛ. Мечот во Кавадарци покажа дека во најголем дел од натпреварот кавадарчани беа подобри, креираа повеќе шанси и со голот на Ивановски заслужение победија.
Тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов не го криеше своето задоволство после натпреварот па за “Спортспорт“ истакна:
“Искрено презадоволен сум. Да се победи Македонија ЃП, освојувачот на Купот и не е така едноставна работа. Им честитам на напите играчи, одиграа добар мечм, имавме и падови во играта, но овие први мечеви секогаш се тешки за играње. Мислам дека заслужено ги освоивме трите бода“ посочи Мојсов.