Швајцарскиот интернационалец и репрезентативец Џибрил Соу е нов играч на тимот на Севиља. Тој веќе потпиша договор на пет години, а 26. годишниот дефанзивец го чинеше тимот од Андалузија, 10 милиони евра.
Швајцарецот играше за Ајнтрахт четири сезони, при што забележа 160 настапи за „орлите“, постигнувајќи 8 гола и 13 асистенции.
Во својата кариера, играчот од средниот ред играше и за Цирих, Борусија Менхенгладбах, и Јанг Бојс.