Шпанскиот возач Алеш Еспаргаро триумфираше на трката за Големата награда на Велика Британија на патеката „Силверстоун“ во Мото ГП шампионатот. Возачот на Априља стартуваше од 12-тата позиција успеа да стигне до победата. Тој го искористи слабиот дожд што ја погоди британската патека во втората половина од трката и во финишот најде начин како да се справи со Банаја кој водеше од крајот на вториот круг до средината на 20-тиот круг.
Шпанецот стигна до вториот успех во Мото ГП шампионатот и стана деветтиот различен победник на ГП на Велика Британија по ред во најсилната класа.
Банаја заврши втор, а возачот на КТМ Бред Биндер на третата позиција. Четвртото и петтото место го освоија Мигел Оливеира и Маверик Вињалес. Следуваат Хорхе Мартин, Лука Марини, Џек Милер, Јоан Зарко, Раул Фернандез…