Тен Хаг за Хојлунд: Манчестер Јунајтед чекаше играч како него

134

Тимот на Манчестер Јунајтед вчера и официјално го промовираше новото засилување во името на Расмус Хојлунд. Данецот пристигна на Олд Трафорд за сума од 75 милиони евра плус додатни бонуси.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг имаше полна уста пофалби за неговата најнова аквизиција од кого очекува многу во годините кои предстојат.

„Расмус е вистински напаѓач“, рече Ерик тен Хаг. Директно го напаѓа голот, многу е добар на пресингот и го има насекаде. Мислам дека во екипата ни требаше тоа, заедно со Маркус Рашфорд , уште еден играч кој е директен и може да постигне гол. Тоа е се во неговиот ум, тој сака да постигнува голови. Мислам дека Хојлунд има огромен потенцијал. Но, сега се зависи од него, и ние ќе го поддржиме. Тимот чекаше играч како него. Ќе го интегрираат во соблекувалната и на теренот и ќе му помогнат“ – рече Тен Хаг.

Данецот постигна 27 гола на 87 натпревари за Ааланта и реализираше шест пати во шест настапи за репрезентацијата.  Има договор на 5+1 година. Прд него на Олд Трафорд пристигнаа Мејсон Маунт и Андре Онана.

 

 

 

ПретходноАјакс продава се летово, уште двајца заминаа во Премиер лигата
СледноПМФЛ – 1.коло: Вардар на гости во Струмица, два меча покрај Охридското езеро, Брегалница сака победнички старт, Тиквеш против “лавовите“!