Нема бокс класика во Лондон, Вајт падна на допинг тестот пред дуелот со Џошуа

259

Дуелот помеѓу британските боксери, Ентони Џошуа и Дилијан Вајт е откажан доцна синоќа откако Вајт падна на допинг тестот пред дуелот, кој требаше да се одржи на 12 август во О2 Арената во Лондон.

Шокантна вест која што ги погоди буквално сите, особено самиот Вајт кој инсистира на истрага, за да може да ја докаже својата невиност секако.

„Во потполност сум невин и барам целосна истрага и доволно време за истата да се спроведе. Никој да не носи прерано заклучоци, и медиумите да не ме осудуваат предвреме“ – истакна Вајт.

Џошуа во 2015 година го нокаутираше Вајт во борба за Британската титула во тешка категорија, и ова требаше да биде реваншот.

Вајт од 2012 до 2014 година беше суспендиран поради допинг но потоа во рамките на истрагата беше заклучено дека е невин, и дека количината на супстанцата во неговата крв не била доволна за суспензија.

 

ПретходноЏибрил Соу се пресели во Севиља
СледноПМФЛ – 2023/24: Струга ТЛ во одбрана на титулата, Шкупи ќе ја напаѓа…најтрофејниот повторно е дел од елитата!