Новиот напаѓач на Тотенхем долетува од Аргентина

212

Аљехо Велиз, младиот и ултра талентиран напаѓач на аргентинскиот Росарио Централ во овие моменти слетува во Лондон, каде што по лекарските прегледи ќе потпише договор со тимот на Тотенхем.

Младиот фудбалер има 19. години во моментов но и веќе шеесетина мечеви во нозете за својот клуб, како и дваесетина постигнати голови. Сеуште нема дебитирано за сениорската репрезентација на Аргентина, играл само за младинските селекции.

Тој за медиумите во татковината потврдил дека денеска слетува во Лондон, и дека нема да биде повторно позајмен во Росарио туку дека Тотенхем смета на него сезонава.

 

ПретходноПМФЛ – 1.коло: Вардар на гости во Струмица, два меча покрај Охридското езеро, Брегалница сака победнички старт, Тиквеш против “лавовите“!
СледноКаспер Шмајхел пред враќање во Премиер лигата