Брегалница на отворањето на сезоната денеска во Штип успеа со 2:1 да го победи силниот Силекс. Одличен меч на “сините“, по мечот дечињата од трибините се симнаа на теренот да ја поделат радоста со своите миленици, секако убава глетка. Сепак еден играч беше во центарот на вниманието, сите сакаа селфи со него, со Роналдо од Јамајка. А тој Роналдо Вебстер во манир на голем професионалец им ја исполни желбата на сите.
Нема што,фудбалски Штип доби нов миленик.