Кадетската репрезентација на Македонија претрпе уште еден убедлив пораз на Европското првенство за кошаркари до 16 години што се одржува во Скопје, овојпат од селекцијата на Литванија со убедливи 52-95. Вчера нашите надежи беа демолирани од Франција, па сега и од Литванија, а го освоија третото место во групата поради победата од Белгија во првото коло.
Јанишиќ со 15 поени беше најефикасен во македонскиот состав, а Најков постигна девет. Нашиот тим задрутре во нокаут фазата ќе се сретне со Слованија, која го освои второто место во групата А.