Како што утринава пренесуваат медиумите и на Островот, но и во С. Арабија, Ал-Итихад има намера да донесе уште една голема фудбалска ѕвезда. Покрај Бензема, Фабињо и Канте, сега клубот од С. Арабија го посакува и Мохамед Салах. “Фараонот“ кој веќе долги години е еден од најдобрите играчи на Ливерпул бил трансферна цел на пребогатиот саудиски клуб.
Ал-Итихад му нуди 180 милиони евра за двогодишен догово, а на Ливерпул отштета од 60 милиони евра.
Се разбира сега на потег е самиот фудбалер, но и Ливерпул ако се знае дека напаѓачот има договор со “Редси“.