Раководството на Тотенхем ја одбило и третата понуда на Баерн за Хари Кејн. Понудата била доставена од страна на „баварците“ минатата седмица и според информациите изнесувала 100 милиони евра плус бонуси и истата била одбиена. Тотенхем бара 25 милиони евра повеќе и поради таа причина засега нема договор.
Не е јасно дали Баерн ќе испрати и четврта понуда. Според „Скај Германија“ раководството ќе има средба на која ќе се разговара со понатамошните акции на клубот во врска со англискиот напаѓач.
Самиот Кејн кој сака трансфер во Баерн побара од раководството на Тотенхем ситуацијата да биде решена пред првиот меч од новата сезона во Премиер лигата, а тоа е идната недела. Засега Тотенхем не попушта и сака да го задржи англискиот голгетер.