Барселона потпиша со Џабари Паркер

209

Кошаркарскиот клуб Барселона објави дека постигнале договор со Џабари Паркер најмалку на една сезона. Поранешниот втор пик на НБА драфтот, играше за Бостон Селтикс во сезоната 2021/22 но од тогаш е слободен играч.
Севкупно, Паркер има осум сезони во НБА лигата и 310 натпревари со просек од 14,1 поен во 27,5 минути по меч. Инаку кариерата во НБА лигата ја почна во Милвоки Бакс во 2014 година, играше и за Вашингтон Визардс, кратко во Чикаго Булс и за Атланта Хокс и Сакраменто Кингс пред да му се приклучи на Бостон во 2020 година.

ПретходноТотенхем ja oдби и третата понуда од Баерн за Хари Кејн
СледноХаос во Атина: По тепачката со фанови на Динамо, убиен навивач на АЕК! (ВИДЕО)