Вчера во Струмица на мечот меѓу Брера и Вардар, имаше околу 400-500 “Комити“. Во текот на целиот меч тие му ја даваа поддршката на Вардар, но сепак не успеаја да се израдуваат макар на бод. Познато е дека нашиот најтрофеен клуб на првиотмеч во ПМФЛ после две години пауза, загуби со 1:0.
“Комитите“ го сакаат Вардар до небо, душа даваат за него, па а ако треба и “висат“ на жица, или на оградата покрај теренот на спортскиот комплекс “Горан Пандев“, како што беше вчера.
Секоја чест за “Комити“…така се сака Вардар.