Голманот Зомер стави потпис на договор со Интер

105

Искусниот швајцарски голман Јан Зомер е нов член на Интер. Она што се шпекулираше изминатите неколку недели сега доби официјална потврда, па 34-годишниот фудбалер стави потпис на договорот со „нероаѕурите“ и ќе го замени Андре Онана кој направи трансфер во Манчестер Јунајтед.
Искусниот голман потпиша на три години, а Интер на Баерн ќе му плати околу 6 милиони евра.

 

ПретходноКадетите поразени од Литванија со 43 поени разлика
СледноМурињо остана без централен бек, Рома го продаде во Ал Ахли