Гостивар се засили со интернационалец од Јапонија

409

Извесниот Масааки Такахара, интернацоналец од Јапонија, кој досега ги бранел боите на екипата на Туркугучу во Германија е нов член на тимот на Гостивар.

Играчот кој е по вокација напаѓач и кој ќе биде засилување за левата крилна позиција за нашиот нов прволигаш е само еден од редицата новитети летово во Гостивар, кој овој тим треба да го направат што поконкурентен.

Тој има 27 години и освен во Германија, каде што има променето доста клубови во пониските лиги, има играно и во Шпанија, како и во родната Јапонија секако.

 

ПретходноЛК: Ако Струга ТЛ го мине Есперанж, во плеј – офот ќе игра со Зрински или Бреидаблик!
СледноНов мега-трансфер во С. Арабија? Ал-Итихад му нуди на Салах 180 милиони евра!