Тимот на Работнички, нашиот претставик на меѓународна сцена следната сезона, има одлична можност да игра групна фаза од ФИБА Еврокупот откако е одбран да биде домаќин на еден од седумте квалфикациски турнири.
Групата би се состоела уште од два или евентуално три тима, а покрај Скопје домаќини се и кипарски Керавнос, естонски Парану Садам, финскиот тим Катаја Баскет, унгарски Корменд, шведски Јамтланд и турска Маниса.
Работнички ќе биде домаќин во салата на СРЦ Кале, а ждрепката ќе се одржи утре во Минхен, Германија. Ќе има шест турнири со по три учесници и еден со четири.