Л’Екип: Нејмар го информирал ПСЖ дека сака да го напушти клубот

147

Бразилскиот напаѓач Нејмар го информирал ПСЖ дека сака да го напушти клубот уште ова лето. Францускиот клуб е отворен за продажба на Бразилецот во изминатите две лета, а долго време се зборуваше за негово враќање во Барселона.
Францускиот весник „Л’Екип“ пренесува дека и покрај тоа што Нејмар има уште пет години од договорот, сепак, тој му порачал на ПСЖ дека сака да си замине.
За Барселона тоа би било одлично од маркетиншка гледна точка, но тренерот Чави не е за враќање на Нејмар на „Ноу Камп“. За тоа каде може да замине Бразилецот не е јасно, дали тоа ќе биде Англија или и тој ќе го следи примерот на неколкуте фудбалски ѕвезди кои заминаа во Саудиска Арабија.

ПретходноРаботнички му одржа лекција на Шкупи (ВИДЕО)
СледноЈапонски голман одбил трансфер во Манчестер Јунајтед, сакал да игра за Ст.Тројден