Денеска во Нион се одржа ждрепката за плеј – офот во Лигата на Конференции. Па така нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ, ако успее да го прескокне 3.квалификациско коло, а таму се среќава со Есперанж од Луксебмург, тогаш за ривал во плеј – офот во Лигата на Конференции ќе го има поразениот од двомечот меѓу Зрински (БиХ) и Бреидаблик (Исланд), двомеч од 3.квалификациско коло во ЛЕ.Струга ТЛ би била домаќин на првиот меч.
Овие мечеви од плеј – офот се играат на 24 и 31 август.
Секако за да стружани се најдат на чекор до групната фаза во ова натпреварување, ќе мора прво да го минат тимот од Луксембург на 10 август во Скопје и 17 август на гости.
Па потоа да размислуваат за Зрински или Бреидаблик.