ЛК: УЕФА пред денешната ждрепка го скрати списокот на можните ривали на Струга ТЛ во плеј – офот!

638

Денеска во Нион во 14 часот ќе се одржи ждрепката за плеј – офот во Лигата на Конференции. Во оваа фаза може да се најде и Струга ТЛ под услов да го мине Есперанж (Луксембург) во 3.квалификациско коло во ЛК, мечевите се играат на 10 и 17 август.

Па така нешто после 14 часот нашиот шампион ќе го дознае и својот можен ривал во плеј – офот во ЛК, мечеви кои се играат на на 24 и 31 август.

Инаку утринава УЕФА го скрати списокот на можни ривали пред ждрепката за плеј – офот, па така Струга ТЛ е во 2 група во “шампионскиот пат“ и може да се падне со поразените на овие мечеви:

Зрински (БИХ) – Бреидаблик (ИСЛ), Карабах (АЗЕ) – Хелсинки (ФИН) и Астана (КАЗ) – Лудогорец (БУГ).

ПретходноБраво Калин: Ивановски скокна 30 места на АТП листата и го има најдобриот ранкинг во кариерата!
СледноУрнебесно: Куче го прекина дербито во Србија! (ВИДЕО)