Милан Илиевски пред денешното дерби: Респект за Шкупи, но и Работнички има големи амбиции во новата сезона!

96

Попладнево од 17 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одигра последниот меч од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ. Ќе се одигра скопското дерби меѓу Работнички и Шкупи. Екипи кои според традицијата и квалитетот претендираат за висок или највисок пласман на табелата.

Тренерот на клубот од Градски парк, Милан Илиевски за тоа што може да се очекува од овој натпревар изјави:

Сиот респект за Шкупи, тим кој што е во натпреварувачка форма, за разлика од нас кои допрва треба да фаќаме залет. Сметам дека одработивме одлични подготовки. Верувам дека ќе се претставиме во добро издание. Очекувам тежок и неизвесен дуел, ние ќе сториме се да дојдеме до позитивен резултат на стартот во новата сезона во која имаме големи амбиции“ изјави Илиевски.

ПретходноБраво за “Комити“: Каков – таков ама за Вардар се “виси“ и на жица! (ФОТО)
Следно294 170 759 ДЕНАРИ ИМ ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2023 ГОДИНА НА ИГРАЧИТЕ НА ВИДЕОЛОТАРИСКИТЕ ТЕРМИНАЛИ