Мурињо: Одбив две понуди од клубови од Саудиска Арабија

93

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека ги одбил понудите на два клуба од Саудиска Арабија.

Саудиски тимови? Да, имаше понуди од Ал-Хилал и Ал-Ахли. Сепак, веднаш им кажав на сопствениците дека нема да ја прифатам понудата и истото го кажав и дома. Се разбира, од една страна имав дадено збор до играчите и до навивачите дека останувам во Рома. Но, ако ме прашате дали не се согласив само поради таа причина, би рекол не, не само поради таа причина“, изјави Мурињо во интервју за Corriere dello Sport.

Мурињо е суспендиран и нема да ја води Рома на првите два натпревари од италијанскиот шампионат поради навредливи коментари упатени кон судијата Кифи минатата сезона.

„Ова е најслабиот судија што сум го сретнал во кариерата, а сум видел многу слаби судии“, изјави тогаш Португалецот

ПретходноЈапонски голман одбил трансфер во Манчестер Јунајтед, сакал да игра за Ст.Тројден
СледноКадетите поразени од Литванија со 43 поени разлика