Мурињо остана без централен бек, Рома го продаде во Ал Ахли

189

Официјално, Ал Ахли од Саудиска Арабија има нов фудбалер. Се работи за бразилскиот централен бек Роџер Ибањез за кого Арапите ќе платат 28,5 милиони евра плус 1,5 милиони во форма на бонуси.
Играчот ќе потпише четиригодишен договор, а оваа информација ја потврди и тренерот на римскиот клуб Жозе Мурињо на кого му посака се најдобро во новиот клуб.
Ибањез освен за Рома играше и за Аталанта и Флуминенсе. За Бразил има два настапи.
Инаку Ал Ахли има уште една цел, а тоа е полскиот напаѓач Пјотр Зелински. Клубот понудил 20 милиони до Наполи за неговите услуги.

ПретходноГолманот Зомер стави потпис на договор со Интер
СледноПСЖ го претстави португалското засилување Гонсало Рамош