На Европското првенство во атлетика за младинци кое се одржува во Ерусалим, Израел, нашиот претставник Огнен Стефановски постави нов државен рекорд на 400 метри во младинска категорија.
Ова е успех кој треба да се одбележи со оглед на фактот што резултатот на Стефановски (48.85), е подобар од оној на Сокол Сачевски (49.13), постигнат пред цели 43. години.
Стефановски е член на Атлетскиот клуб Делта од Скопје.