Работнички му одржа лекција на Шкупи (ВИДЕО)

2005

Екипата на Работнички на најдобар можен начин ја стартуваше новата ПМФЛ сезона откако предмалку на домашен терен на стадионот Борис Трајковски успеа да слави над локалниот ривал тимот на Шкупи со 3:1.

Фаворитската улога Шкупи ја испушти уште во првата минута откако Мазари искористи едно невнимание на одбрната на Чаирчани и рутински со глава реализираше за 1:0.

Следуваше тотална доминација на Шкупи во текот на целото прво полувреме со неколку полушанси кои не беа искористени.

На израмнување се чекаше до 62. минута кога Илиески на втората статива од еден корнер убаво пласираше со нога за 1:1.

Тогаш Работнички како да се подразбуди, заигра поофанзивно, а резултатот од тоа дојде во 82. минута кога беше оправдано досуден пенал за домашните, а сигурен реализатор беше Мевљан Мурати.

Конечните 3:1 ги постави резервистот Георг Стојановски во последните секунди од мечот.

ПретходноСП У-19: Кадетите со пораз од Данска ја стартуваа главната рунда
СледноЛ’Екип: Нејмар го информирал ПСЖ дека сака да го напушти клубот