САД во солзи, Андоновски пред отказ…

1458

Вистински шок на СП за жени се случи вчера, во меч од 1/8 финалето. Имено досегашниот светски првак, репрезентацијата на САД чиј селектор е Македонецот Влатко Андоновски, загуби од Шведска на пенали и со тоа беше елиминирана од Мундијалот.

Факт е дека избраничките на Андоновски во текот на целиот меч беа подобри, имаа повеќе шанси и зицери предвреме да го решат мечот, но ете, се отиде во пенал – рулетот а таму за еден милиметар при последниот пенал за Шведска, топката влезе во голот на САД. Барем така кажа ВАР.

По оваа секако дека под лупа се најде и работата на Андоновски, се анализира неговата работа во досегашниот период и посебно на овој меч. Се предвидува дека тој најверојатно ќе ја загуби својата рабоата – селектор на досеха најдобрата женска селекција во светот.

Претходно294 170 759 ДЕНАРИ ИМ ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2023 ГОДИНА НА ИГРАЧИТЕ НА ВИДЕОЛОТАРИСКИТЕ ТЕРМИНАЛИ
СледноКузмановски се врати на терените и веднаш почна да “тресе“