Сензационално: Лука Јовиќ се враќа во Ц. Звезда?!

684

И дефинитивно Ц. Звезда не се шегува. Откако го донесе Барак Бахар за нов тренер, откако донесе и неколку квалитетни засилувања, сега го посакува и Лука Јовиќ. Репрезентативецот на Србија и напаѓач на Фиорентина добил повик од страна на раководството на српскиот шампион, кој оваа сезона ќе игра во групната фаза во ЛШ, да се врати на “Маракана“ и повторно да го облече “црвено – белиот “ дрес.

Ова први го јавија медиумите во Италија, се напоменува дека тој не е задоволен од статусот во тимот од Фиренца и дека овој трансфер е можен.

Да потсетиме дека Јовиќ покрај тоа што го носеше дресот на Ц. Звезда играше и за Анјтрахт Франкфурт и Реал Мадрид.

Секако дека ова би било екстра засилување на тимот од Белград во Лигата на Шампионите.

ПретходноОва е фудбалскиот БОГ: Меси ја “шекна“ Америка, нови два гола за Интер Мајами! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноХорор повреда: Еве како му ја скршија ногата на синот на Диего Симеоне! (ВИДЕО)