Еден од нашите најтрофејни и најдобра кошаркарски стручњаци,Марин Докузовски се врати на домашната сцена. Сензационални вести доаѓаат од Куманово, од каде има потврда дека Докузовски потппишал договор со МКК Куманово и дека во наредните четири години ќе го предводи тимот кој сега е второлигаш, и со намера да влезе набрзо во елитата. Инаку МКК Куманово нема поврзаност со КК Куманово кој испадна минатата сезона од елитата.