СП У-19: Македонија денеска на мегдан со силната Данска…почнува главната рунда на Мундијалот!

475

Нашата машка ракометна селекција до 19.години, како што е познато, обезбеди пласман во ТОП-16 селекции на СП кое се одржува во Хрватска и ќе игра во главната рунда во групата – 3. Денеска момците на селекторот Раде Стојановиќ ќе и се спротистават на силната Данска, која важи како еден од фаворитите на овој Мундијал.

Мечот започнува во 17:30 часот а се игра во салата во Ријека. Нашите надежи се максимално подготвени за тоа што ги очекува, најавуваат голема борба, најавуваат уште една добра партија на овој Мундијал.

Се разбира дека знаеме кој е во предност на овој меч, но овие момци на Стојановиќ никогаш не треба предвреме да се отпишуваат, никако.

Во случај на триумф над Данска, Македонија ќе остане во битката за пласман во 1/4 финалето, токму затоа овој меч е многу важен за нас ако се знае дека нашите ракометари во оваа фаза не пренесоа бодови, како и Австрија, за разлика од Норвешка и Данска кои оваа фаза во групата 3 ќе ја почнат со по 2 бода.

ПретходноКузмановски се врати на терените и веднаш почна да “тресе“
СледноИзраел и Јапонија следни проверки за момците на Миленкоски