Збунувачка и по калку контрадикторна одлука на ФК Шкупи објавата дека Реналдо Цефас си заминува од Чаир и преога во турскиот Анкарагучу е избришана од официјалниот сајт на клубот.
Единствено сеуште е активна објавата дека напаѓачот си заминува, но не и дека негова следна дестинација е турскиот суперлигаш.
Јавноста се прашува зошто информацијата дека Цефас оди во Анкарагучу веќе не и е достапна, што секако е аматерски и лошо за имиџот на клубот. Ако веќе истата е објавена, тогаш нема причина и да биде избришана.
Освен ако навистина трансферот на Цефас е доведен во прашање, што искрено се надеваме дека е само претпоставка.