Јапонскиот голман Зион Сузуки одбил трансфер во Манчестер Јунајтед, туку сакал да игра во белгиски Ст.Тројден, соопштува „Манчестер Ивнинг Њуз“.
„Црвените ѓаволи“ се договориле со Урава Ред Дајмондс, меѓутоа играчот претпочитал да замине во клубот кој минатата сезона заврши на 12-тата позиција во најсилната белгиска лига.
Одлуката на Сузуки има логика. Во Јунајтед ќе биде цврста резерва на Андре Онана, а во Ст.Тројден би играл стандардно плус во овој клуб веќе има четири фудбалери од Јапонија.
Така Манчестер Јунајтед ќе се потпре на искусниот Том Хитон кој беше и капитен против Атлетик Билбао. „Ѓаволите“ се разделија со Де Геа и со Нејтан Бишоп кој замина во Сандерленд, па како трет избор го имаат Матеј Ковар.
Дома Меѓународен фудбал Англија Јапонски голман одбил трансфер во Манчестер Јунајтед, сакал да игра за Ст.Тројден