Попладнево од 17 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одигра последниот меч од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ. Ќе се одигра скопското дерби меѓу Работнички и Шкупи. Екипи кои според традицијата и квалитетот претендираат за висок или највисок пласман на табелата.
Тренерот на клубот од Градски парк, Милан Илиевски за тоа што може да се очекува од овој натпревар изјави:
“Сиот респект за Шкупи, тим кој што е во натпреварувачка форма, за разлика од нас кои допрва треба да фаќаме залет. Сметам дека одработивме одлични подготовки. Верувам дека ќе се претставиме во добро издание. Очекувам тежок и неизвесен дуел, ние ќе сториме се да дојдеме до позитивен резултат на стартот во новата сезона во која имаме големи амбиции“ изјави Илиевски.