Пари Сен Жермен го потврди трансферот на португалскиот напаѓач Гонсало Рамош. 22-годишниот фудбалер доаѓа од Бенфика како позајмен со опција за откуп на договорот по завршување на сезоната.
Рамош потекнува од школата на Бенфика, а дебито за сениорите го направи во јули 2020 година. На дебито влезе во игра во 87 минута и постигна два гола.
За Бенфика одигра 64 натпревари во португалското првенство и постигна 30 голови. За Португалија има седум меча и четири гола.