Вистински шок на СП за жени се случи вчера, во меч од 1/8 финалето. Имено досегашниот светски првак, репрезентацијата на САД чиј селектор е Македонецот Влатко Андоновски, загуби од Шведска на пенали и со тоа беше елиминирана од Мундијалот.
Факт е дека избраничките на Андоновски во текот на целиот меч беа подобри, имаа повеќе шанси и зицери предвреме да го решат мечот, но ете, се отиде во пенал – рулетот а таму за еден милиметар при последниот пенал за Шведска, топката влезе во голот на САД. Барем така кажа ВАР.
По оваа секако дека под лупа се најде и работата на Андоновски, се анализира неговата работа во досегашниот период и посебно на овој меч. Се предвидува дека тој најверојатно ќе ја загуби својата рабоата – селектор на досеха најдобрата женска селекција во светот.