Нашата кадетска ракометна селекција успеа да триумфира над Австрија со 29:22 (14:8) и со тоа се избори за право да разигрува за пласман од 9 до 12 место на Мундијалот кој се одржува во Хрватска.
Попладнево во Ријека, во вториот меч од групата – 3 од главната рунда, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ оиграа одлично, прикажаа квалитет и со прав и заслужено победија.
Првото полувреме го добивме во наша корист, за да на крајот на семафорот резултатот гласеше 14:8.
Во второто полувреме противникот тргна на се или ништо, на моменти успеа да ја намали разликата на -4 голови, но сепак кога беше најпотребно, нашире ракометари се “креваа“, одиграа на висина за задачата и не им дозволина своите противнци да дојдат до евентуален пресврт.
На крај резултатот гласеше 29:22 за Македонија.










