ФОТО НА КОЛОТО: И дечињата во Штип се радуваат кога Брегалница победува!

177

Прекрасна глетка во Штип по мечот Брегалница – Силекс кој заврши со 2:1 за “сините“. Имено од трибините влегоа на терен десетина дечиња и заедно со своите миленици, играчите на Брегалница и се радуваа на победата. А потоа “падна“ и една прекрасна, заедничка фотографија која според нас е и фото на 1.коло во новата сезона во ПМФЛ.

Секако дека посакуваме вакви убави моменти да има ни на другите стадиони.

А во Штип се знае, од младо до старо, сите ја сакаат Брегалница и од срце се радуваат на нејзините успеси, на тимот предводен од стратегот Горан Здравков.

ФОТО: FB FK Bregalnica

ПретходноЕХФ ја “чешлаше” салата “Боро Чурлевски”, Пелистер доби рок!
СледноЖенската А репрезентација на Македонија на летен камп во Дојран