Бурно е денеска на Чаир. По Абази и Нилтињо, од вечерва ново име во Шкупи е Аримин Хоџиќ. Познато фудбалско име од БиХ, инаку последен клуб му бил Железничар а има играно и за младинската екипа на Ливерпул до 21.година. Исто така бил член на Динамо Загреб, како и на МОЛ Фехервар. За репрезентацијата на БиХ има 14 настапи и постигнати 3 гола.
Од него раководството на Шкупи очекува многу. Велат дека ова е најголемото летно засилување на тимот.