Македонскиот младински репрезентативец Луан Абази следните шест месеци ќе ги одигра како позајмен фудбалер во тимот на Шкупи.
Откако летово направи трансфер во тимот на Вил, Абази очигледно и таму не можеше да најде простор за голема минутажа па се одлучи да пристигне во ПМФЛ шампионатот.
Абази е момче кое е родено во Сент Гален во Швајцарија, и целата своја кариера досега ја мина таму. Имаше два настапа за репрезентацијата на Швајцарија пред да му пристапи на нашиот национален тим.