Марјан Радески: Го респектираме тимот од Луксембург, сепак имаме големи шанси да одиме натаму!

164

Марјан Радески во последно време игра во голема форма. Во Подгорица на Будуќност му “стегна“ хет-трик и ја однесе Струга ТЛ во 3.квалификациско коло во ЛК. Исто така беше стрелец и на првиот меч во новата сезона, против Гостивар.

За утрешниот меч со Есперанж, Радески на денешниот прес истакна:

“Не очекува тежок меч со доста добра екипа. Ги анализиравме и знаеме дека се многу квалитетни.Сепак имаме шанси да минеме во следното коло ако одиграме како што игравме досега во Европа. Мотивирани сме максимално,како поединечно, така и на ниво на цел клуб. Инаку мојата форма е плод на напорна работа и искуство на моите соиграчи коими помогнаа да се вратам во старата добра форма“ рече покрај другото напаѓачот на стружани.

ПретходноШпетим Дуро: Ова е историска шанса Струга ТЛ да се пласира во плеј-офот во ЛК!
СледноРикиќ е нов кошаркар на Работнички