Манчестер Сити испратил понуда до Вест Хем од 70 милиони фунти за халфот Лукас Пакета, пренесуваат англиските медиуми. Интересот на европскиот шампион кон Бразилецот е конкретен и двата клуба ќе водат преговори овие денови.
А преговорите нема да бидат лесни затоа што Вест Хем веќе продаде клучен играч, Деклан Рајс на Арсенал и не сака да остане и без вториот клучен играч. Освен тоа не им оди добро на трансферниот пазар, па тренерот Дејвид Мојс не би сакал да го „изгуби“ и Пакета.
Се очекува „чеканите“ да ја одбијат оваа понуда, но работите можат драстично да се сменат доколку Сити понуди 80 милиони фунти, како што се најавува.
Вест Хем го донесоа Пакета пред една година од Лион кога платија за него 53 милиони фунти. Бразилецот имаше одлична сезона во Премиер лигата, а и во Лигата на конференции каде што „Чеканите“ го освоија трофејот.
Сити може да остане без Бернардо Силва, па поради тоа „Граѓаните“ не оставаат ништо на случајноста и тргнаа по Пакета.