Андрија Димески добива македонски пасош и ќе игра официјални мечеви за нас

1923

Македонските младински репрезентации добиваат засилување во играчот на српски Вождовац, 18. годишниот Андрија Димески. Робусниот стопер, кој може да одговори и на десната бековска позиција е член на нашата репрезентација до 18. години и досега има одиграно само неофицијални, пријателски мечеви.

Спортмедиа дознава дека ФФМ и Димески во моментов се во фаза на вадење на македонска патна испрва и тој од септември веќе ќе има право на настап за нашата У19 репрезентација и на официјални, квалификациски мечеви.

Се работи за момче кое почетокот на неговата кариера ја има минато во Црвена Звезда, пред да се пресели во Вождовац.

Инаку има потекло од Прилеп.

 

ПретходноСудиска анализа: Немало пенал за Работнички на дербито со Шкупи!
СледноШпетим Дуро: Ова е историска шанса Струга ТЛ да се пласира во плеј-офот во ЛК!