Вардар посилен за Педрињо, се комплетира документацијата за странците

365

еТимот на Вардар предмалку и официјално се пофали дека во сега веќе тековната сезона ќе може да смета на услугите на бразилскиот интернационалец Педрињо.

Тој веќе извесен период е дел од екипата, но се досега не беше промовиран како новитет. Откако и официјално денеска стигнал сертификатот за негова регистрација, крилниот напаѓач кој доаѓа од бугарскиот тим Минјор од Перник беше промовиран како шестото засилување на Вардар летово.

Спортмедиа дознава дека управата на клубот веќе ја комплетира документацијата и за останатите странци и многу веројатно дека Вардар в недела против Шкупи ќе може да смета на грото од нив.

ПретходноДербито Шкендија – Струга ТЛ, наместо во недела, ќе се игра на 30 август!
СледноСудиска анализа: Немало пенал за Работнички на дербито со Шкупи!