Гронинген го “скенира“ Елмас од Работнички!

1577

Мухамед Елмас (17), инаку братучед на Елиф Елмас веќе извесно време е “скениран“ од Гронинген, клуб кој се натпреварува во елитната лига во Холандија. Големиот талент на Работнички кој веќе една година и повеќе е во првиот тим, во моментов се наоѓа во кампот на Гронинген и затоа не беше во составот на Работнички на завчерашниот меч со Шкупи, но и во составот на У-18 селекцијата на Македонија која денеска одигра 1:1 во пријателски меч со Унгарија.

Инаку Гронинген веќе извесно време го следи развојот на помалиот Елмас, и ако се биде како што треба тогаш не треба да чуди ако дојде и до трансфер.

Мухамед Елмас е еден од најталентираните наши играчи во негова возраст и се вели дека пред него е блескава иднина.

ПретходноРос Баркли се врати во Премиер лигата
СледноМилевски пред разрешување: Миодраг “Гроф“ Божовиќ ќе биде селектор на Македонија!