Нашата женска кадетска селекција, на ЕП за ракометарки до 17.години дожиева уште еден пораз, и тоа денеска од Португалија со 36:13 (14:8). Ова е вкупно петти пораз на овој шампионат. По овој пораз тие ќе разигуваат за пласман од 13 до 16 место.
Уште на почетокот од средбата Португалија го имаше водството, беше подобар ривал а во 15.минута имаше водство од 9:3. На пауза се замина со резултат 14:8.
Во второто полувреме беше уште полошо за избраничките селекторот Грчевски, Португалките тоа го искористија и на крај дојдоа до убедлив триумф од 36:13.
Во нашата селекција Младеновски и Кралева постигнаа по три погодока.