Интер Мајами го отпушти фудбалерот кој се противеше на трансферот на Меси

988

Ник Марсман, голманот кој изјави дека Интер Мајами не е спремен да ангажира фудбалер од калибарот на Лионел Меси, не е повеќе член на овој клуб. Клубот го исплати холандскиот голман и го прекина неговиот договор, па 32-годишниот Марсман сега е слободен играч.
Правилата во МЛС им дозволуваат на клубовите да го раскинат договорот само со еден играч, а одлуката на раководството паднала на холандскиот голман. Дали поради коментарот, дали поради друга причина – Марсман е играчот кој си оди од Мајами.
„Мислам дека овој клуб не е спремен за Меси. Имаме привремен стадион, луѓето не можат да влегуваат на теренот, нема влезови ниту обезбедување. Нема сигурност. Мислам дека клубот не е спремен“, изјави Марсман.
А Меси постигна седум голови во четири меча за Интер Мајами, а трибините се полни со навивачи.

ПретходноЛопетеги го напушти Вулверхемптон пред стартот на Премиер лигата
СледноОстра реакција на АЕК: Казнете го Динамо, зошто не терате да играме против нив?