Кочоски и Струга ТЛ ја прекинаа соработката!

505

Валентин Кочоски (26) и официјално не е веќе дел од Струга ТЛ. Имено и двете страни се договориле да ја прекинат соработката, па така сега напаѓачот како слободен играч може да си побара нова средина без никаков проблем.

Инаку Кочоски во редовите на шампионот дојде во летото 2021 година и беше дел од тимот во изминатите две сезони, имаше и своја заслуга за освојувањето на историската титула на стружани.

Кочоски покрај Струга ТЛ во изминатиот дел од кариерата играл и за Пелистер, Шкупи, Беласица, Хоризонт Т, А.Пандев.

ПретходноПавард ќе биде замената за Мегваер во Јунајтед
СледноРоналдо “стрелаше“ од пенал и го однесе Ал Наср во финалето на Арапскиот Куп! (ВИДЕО)