Лацио го претстави петтиот нов играч, тој доаѓа од Данска

180

Италијанскиот Лацио фати залет на трансфер пазарот и го претстави петтиот нов играч ова лето. Нов фудбалер на римскиот тим е десното крило Густав Исаксен кој доаѓа од редовите на данскиот Митјиланд.
Лацио се согласи за овој 22-годишен играч да плати 12 милиони евра. Претходно Лацио ги донесе офанзивниот играч за врска Даичи Камада како слободен играч, потоа напаѓачот Тати Кастељанос од Њујорк Сити за 15 милиони евра, потоа Матео Канселери од Верона за 8 милиони евра, како и Парагваецот Диего Гонзалез од мексикански Селаја за 1 милион евра.
Лацио може да добие и голман и тоа довчерашниот член на Интер, Самир Хандановиќ кој е слободен играч.

ПретходноЗа 6 години од Суперкупот до денеска: Од рајска Арена до најлош терен во Европа!
СледноЛуан Абази позајмен во Шкупи