Луан Абази позајмен во Шкупи

904

Македонскиот младински репрезентативец Луан Абази следните шест месеци ќе ги одигра како позајмен фудбалер во тимот на Шкупи.

Откако летово направи трансфер во тимот на Вил, Абази очигледно и таму не можеше да најде простор за голема минутажа па се одлучи да пристигне во ПМФЛ шампионатот.

Абази е момче кое е родено во Сент Гален во Швајцарија, и целата своја кариера досега ја мина таму. Имаше два настапа за репрезентацијата на Швајцарија пред да му пристапи на нашиот национален тим.

 

ПретходноЛацио го претстави петтиот нов играч, тој доаѓа од Данска
СледноДимитар Караџовски новитет во Кожув