Милевски пред разрешување: Миодраг “Гроф“ Божовиќ ќе биде селектор на Македонија!

2659

Миодраг “Гроф“ Божовиќ (55), стратег од Црна Гора, екс тренер на Ц. Звезда и на уште многу други клубови пред се во Русија, ќе биде новиот селектор на најдобрата фудбалска репрезентација. Благоја Милевски е пред разрешување, тоа би требало да се случи, како што дознаваме, за ден-два, а во понеделник Божовиќ да биде промовиран како нов селектор.

Тоа значи дека за квалификацискиот дуел со Италија, за ЕВРО 2024, Македонија ќе ја води нов селектор и тоа од Црна Гора.

Ова и не е така големо изненадување ако се знае дека под водство на Милевски, нашата репрезентација во последно време имаше лоши резултати.

ПретходноГронинген го “скенира“ Елмас од Работнички!
СледноБесмир Бојку: Се надевам и посакувам Струга ТЛ да биде таа која ќе се пласира во плеј-офот!