Не му дале виза поради руското државјанство – Сервет без главен играч против Ренџерс

328

Вечерва во рамките на Лигата на шампионите во Глазгов ќе се соочат Ренџерс и швајцарски Сервет. Швајцарците се најдоа во непријатна ситуација пред дуелот затоа што поради суспензии и повреди отсуствуваат неколку играчи, а капак на проблемите е неиздавањето на британска виза на фудбалерот Гаел Ондуа.

Камерунскиот интернационалец морал да се врати во Швајцарија поради забраната, а од Сервет се бесни на оваа одлука за која велат дека е од „неспортски причини“.
А причината е што Ондуа, иако е роден во Камерун, израснал во Русија и има руско државјанство. За време на СП во Катар минатата година носел копачки со руско знаме – со тоа наводно ја поддржувал Русија во војната со Украина!?

Клубот одби да коментира повеќе, па тренерот Вајлер ќе мора да најде решение и за неговата позиција.
Ондуа како дете играл за младинските категории на Локомотив Москва, потоа и за ЦСКА Москва. Бил и во Анжи, а интересно во сезоната 2017/18 потпишал за украинска Зорја но не одиграл ниту еден меч.

Во декември минатата година тој во едно интервју зборуваше дека ја обожава Русија.
„Дојдов како момче, а Русија ме направи маж“, зборуваше Ондуа. Поради тој „грев“ сега си има проблеми со властите на другите држави кои не се наклонети кон Русија и се против нивната агресија врз Украина.

ПретходноТодор Тодороски се сели во Динамо Тирана
СледноMaкедонија У16 ќе одржи тренинг камп во Кичево