Остра реакција на АЕК: Казнете го Динамо, зошто не терате да играме против нив?

391

Трагичната смрт на навивачот на АЕК, Михалис Катсурис во масовна тепачка пред ОПАП Арена помеѓу приврзаниците на АЕК и на Динамо Загреб се уште е топ тема во Грција. Приведени се 98 лица, од кои 84 хрватски државјани, а оваа трагедија го стави фудбалот во втор план. Мечот меѓу АЕК и Динамо е одложен за идната недела и прво ќе се игра во Загреб, а реваншот ќе биде во Атина.
Но АЕК бара ригорозна казна за хрватскиот шампион, бара од УЕФА да го исфрли Динамо од Европа.
Истото прашање што ги мачи нашите навивачи, не мачи и нас. Како е можно после варварското убиство на Михалис од страна на чопор криминалци од Хрватска, АЕК може да излезе на терен и да игра против Динамо?

Ќе бидат ли на трибините некои од неговите убијци? Ќе бидат ли таму нивните соработници во злочинот кои на социјалните мрежи го слават убиството кои го направија нивните пријатели? Тие кои го проколнуваат нашиот свет и се горди на убиство кои го извршиле нивните пријатели во организиран криминал?

Кој не тера да го одиграме натпреварот додека капе крв на нашиот убиен навивач, а има и тешко повредени лица? Сите знаат дека тие кои дојдоа тука да убиваат се составен дел од организацијата со која мораме да играме фудбал?

Дали лобирањето на Хрватите во УЕФА е поважно од човечките животи? Дали, за доброто на фудбалот, треба да ги тераме нашите играчи да играат фудбал како ништо да не се случило?

Постои само еден начин: Брза и строга казна ВЕДНАШ! Тоа го чека цивилизираниот европски фудбал заедно со АЕК!“, пишува во соопштението на атинскиот клуб.

„Модите“ имаат дебело досие во европската фудбалска куќа поради нередите на своите навивачи. Често плаќаат казни, ги затвораат трибините поради дивеењето на навивачите. УЕФА им забрани на БББ да дојдат на мечот во Атина, а Динамо не ни продаваше влезници.
Сепак, клубот не може да влијае на движењето на своите навивачи ниту да им брани да патуваат некаде.
Од друга страна хрватските граничари ги известиле грчките полицајци дека дел од навивачката група БББ се упатиле кон Атина и дека постои опасност од навивачки нереди.

ПретходноИнтер Мајами го отпушти фудбалерот кој се противеше на трансферот на Меси
СледноБарса за 2,5 милиони евра купи германски талент