Павард ќе биде замената за Мегваер во Јунајтед

347

Тимот на Манчестер Јунајтед се реши од проблемот наречен Хери Мегваер, па откако стоперот денеска и официјално замина во Вест Хем, сега од Олд Трафорд во мир и спокојство можат да бараат замена за него.

Истата ќе ја пронајдат во Минхен, поточно во тимот на Баерн, каде што францускиот интернационалец Бенјамин Павард е што се вели на излезна врата.

Преговори веќе се во тек, и тоа според медиумите во Англија течат сосема коректно и без некакви преголеми компликации.

Павард има 27. години во моментов и во Баерн има епизода за која не радо ќе се сеќава.

 

ПретходноВечерва во Атина се спрема нов хаос: Излезете сите, ќе ги бараме гадовите! (ФОТО)
СледноКочоски и Струга ТЛ ја прекинаа соработката!